Нашите решенија се базираат на робустна технологија која има значителни предности над традиционалниот софтвер од овој вид. Овие предности вклучуваат поголема пропусна моќ на трансакции и полесна имплементација, а при употребата ги намалуваат вкупните трошоци на користење. Погледнете дел од нашите продукти. Компанија чии решенија се со човечки допирИнфопроект стекна репутација дека е многу повеќе од продавач на решенија. Ова се случи бидејќи на нашите корисници им нудиме повеќе од програми и компјутери. Горди сме на фактот дека ја разбираме динамиката на луѓето во деловната околина, исто толку колку што ги разбираме и техничките и бизнис потребите. Ова значи дека Infoproject исто така учествува во дефинирањето на потребите на секое работно место, го проценува знаењето и вештината, ги идентификува тековите на документи и информации и ја обезбедува потребната обука. Сето ова е во врска со луѓето кои работат во одредена компанија, а ние сме едни од ретките кои ја нудат оваа комбинација.Друга битна разлика е таа што Инфопроект е вистински тимски играч. Веруваме во воспоставување и одржување на долгорочни деловни односи со нашите корисници. Најчесто остануваме долго по истекот на иницијалниот договор, затоа што нашите купувачи научуваат дека можат да ѝ веруваат на нашата бизнис етика и нам самите. Нашиот интегритет и визија се бесценети во идните успеси на нашите корисници. Тие, корисниците, можат да посведочат дека нашата компанија е етичка, доверлива, одговорна и проактивна во текот на целиот проект. Резултатот е тој што нашите клиенти се во можност да ги намалат вкупните дневни оперативни трошоци поврзани со финансиите, производството, продажбата и човечките ресурси, а во исто време добивајќи повреден и побогат сет на финансиски и бизнис информации. |










