Home Contact Support About Admin
Home Contact Support About Admin
Macedonian English   Четврток, 4 Декември 2008
Infoproject.biz
Софтвер
Хардвер
Инфо за компанијата
Поддршка
Контакт
Партнери
 
http://www.suse.com/
 
http://www.ibm.com/informix/
 
http://www.microsoft.com/
 
http://www.usr.com/
 

Решенија на Infoproject
Infoproject го дизајнира, развива, продава и поддржува својот систем на апликативни решенија за финансиско, комерцијално и книговодствено работење наменет за мали, средни и големи претпријатија.
Нашите решенија се базираат на робустна технологија која има значителни предности над традиционалниот софтвер од овој вид. Овие предности вклучуваат поголема пропусна моќ на трансакции и полесна имплементација, а при употребата ги намалуваат вкупните трошоци на користење.
Infoproject ја проширува својата понуда на комплетно опфаќање на заднинската обработка на податоците, при што клиентите добиваат подобра контрола, понизок трошок и подобрени апликации. Тие опфаќаат флексибилни решенија за сите видови на корисници: од мали компании, до комплексни бизнис потреби. Освен директна продажба и маркетинг, Infoproject го продава својот софтвер и низ партнерски канали.


Бизнис филозофија
Ние цврсто веруваме дека нашиот успех е директно поврзан со тоа колку придонесуваме во помагањето нашите клиенти да ги постигнат своите бизнис цели денес и во иднина. Се трудиме нашите решенија да имаат потенцијал да ја зголемуваат профитабилноста и да ја максимизираат инвестицијата во информатичката технологија, со што им помагаме на клиентите да работат ефикасно со минимално потрошено време на софтверска поддршка.
Одржуваме силна програма за контрола на квалитетот, со нагласок на перформансите и сигурното работење. Постојано ги подобруваме своите производи и услуги, употребувајќи ги најновите докажани компјутерски и софтверски технологии за развој. Како резултат на ова, производите на Infoproject се наоѓаат на врвот на технологијата скоро деценија и пол.


Компанија чии решенија се со човечки допир
Infoproject стекна репутација дека е многу повеќе од продавач на решенија. Ова се случи бидејќи на нашите корисници им нудиме повеќе од програми и компјутери. Горди сме на фактот дека ја разбираме динамиката на луѓето во деловната околина, исто толку колку што ги разбираме и техничките и бизнис потребите. Ова значи дека Infoproject исто така учествува во дефинирањето на потребите на секое работно место, го проценува знаењето и вештината, ги идентификува тековите на документи и информации и ја обезбедува потребната обука. Сето ова е во врска со луѓето кои работат во одредена компанија, а ние сме едни од ретките кои ја нудат оваа комбинација.
Друга битна разлика е таа што Infoproject е вистински тимски играч. Веруваме во воспоставување и одржување на долгорочни деловни односи со нашите корисници. Најчесто остануваме долго по истекот на иницијалниот договор, затоа што нашите купувачи научуваат дека можат да и' веруваат на нашата бизнис етика и нам самите. Нашиот интегритет и визија се бесценети во идните успеси на нашите корисници.
Тие, корисниците, можат да посведочат дека нашата компанија е етичка, доверлива, одговорна и проактивна во текот на целиот проект. Резултатот е тој што нашите клиенти се во можност да ги намалат вкупните дневни оперативни трошоци поврзани со финансиите, производството, продажбата и човечките ресурси, а во исто време добивајќи повреден и побогат сет на финансиски и бизнис информации.

©2008 InfoProject Top   Home   Contact   Support   About   Admin Webmaster