Home Contact Support About Admin
Home Contact Support About Admin
Macedonian English   Четврток, 4 Декември 2008
Infoproject.biz - Software Products
Софтвер
Бизнис софтвер
Финансов Информативен Систем - ФИС
Комерцијален Информативен Систем - КИС
Основни средства
Клиенти
Технологија
Рачни компјутери
infoGUARD
Бизнис софтвер
ИнфоПроект има развиено комплетен систем за комерцијално (трговско и производно) и финансиско работење.

Главни подсистеми на информативниот систем се:
Материјално - комерцијално - производно работење, и
Финансиско работење.

За обата подсистеми важи дека сите вносови и обработки моментално се одразуваат на состојбата во главната база - нема накнадни обработки. Ова овозможува максимална ажурност на податоците. На пример, кога еден артикал со документ ќе излезе од одреден магацин, менаџерот на друг (или на истиот) терминал веднаш може да ја види новата состојба. Ова значи дека е исфрлена од употреба застарената пакетна обработка. Секако, одредени документи (комерцијални, финансиски) можт да се „заклучат“ - забранат за понатамошна обработка, ако, на пример, веше влегле во некои званични извештаи.
Секој внесен документ носи информација за тоа кој го обработил, па можни се и соодветни извештаи - количина на обработени документи по оператер за внос, или наоѓање на одговорниот за настаната грешка.
Пристапот до одредени опции на апликациите може да се ограничи според хиерархиската структура (нпр. оператерите за внос не можат да вадат комплетни извештаи, додека менаџерот или раководителите тоа го можат).
Обезбеден е комплетен подсистем за заштита - „backup“ на податоци со изработка на шема на копирање - дневна, неделна, месечна итн. Копирањето е овозможено на различни медиуми - дискета, трачна единица, хард диск, магнето-оптички диск и др.
Постојат две класи на печатачи - глобални и локални. Глобалните се достапни на секој корисник, а локалните само на соодветниот корисник. Корисникот во секој момент може да одлучи каде ќе печати - глобално или локално. Ова овозможува, на пример, подолгите извештаи да се печатат на глобалниот штампач кој обично е поробустен и побрз, а помалите локално. Исто така, преку разни принтер драјвери е можно приклучување на различни стандарди на штампачи, од матрични, преку линиски, до ласерски.
Апликациите се така направени што овозможуваат паралелно и независно обработување на податоци за повеќе фирми, а во преодот на пресметковните години (завршна сметка) ова овозможува почнување со работа во следната година уште од 1 Јануари - без чекање завршната сметка да се предаде.
По желба, корисникот може да добие можност за обработка на податоци на повеќе оддалечени места со концентрација на податоците во „централата“.
Апликациите се изведени на македонски јазик (по желба можно е и на друг). Исто така, сите пораки се на македонски, па на корисникот му е веднаш јасно што се случува. Достапот до поедини опции е преку менија (“drop down“ или „point-and-shoot“).
Апликациите се погодни за работа во сите големини на претпријатија и дуќани, што е докажано во пракса. Можна е работа и на обичен дуќан - продавница, трговско претпријатие, производно трговско, па до најкомплексни системи на големите компании.
При имплементирање во покомплексни средини, прво се изработува проект за текот на документите и информациите врз основа на кој подоцна се дефинираат поедините опции во системот. Ова се врши во соработка со стручен тим на корисникот.

1. МАТЕРИЈАЛНО - КОМЕРЦИЈАЛНО - ПРОИЗВОДНО РАБОТЕЊЕ
Во овој дел се опфатени сите материјални промени без оглед дали се работи за интерни или екстерни, на големо или на мало. Значи, секоја деловна единица, било да е трговска (на големо или продавница) или производна (магацин за суровини, полупроизводи, производна хала, алати, готови производи) ги бележи сите материјални и финансиски промени.
Секој тип на документ слободно се дефинира и тоа: називот, интерен / екстерен, големо / мало, валута - денари / странска, влезен / излезен, редовен / комисион, позитивен / негативен, количински / финансиски, евидентен / стварен, обичен / двоен / нивелација...
Со употреба на двојните документи се постигнува со еден внос на податоци да се опфати влезот/излезот (или обратно) од една во друга организациона единица - нпр. требување, примопредајница и сл.
Според ова, корисникот според своите потреби може да дефинира било каков тип на документ со саканиот изглед и акција - трговски, производен, материјален и сл.
Бројот на организационите единици е неограничен, а поддржана е хиерархиската структура на претпријатието, т.е. извештаите се добиваат на сакано ниво, збирно за повисоките нивоа, а детално за пониските.
И извештаите се конфигурабилни, т.е. се избираат колоните кои се прикажуваат/печатат, документите кои се земаат во обзир, материјаните и финансиските податоци, начинот на кој се подредуваат (по комитент, асортиман, одделение, даночна група и сл.).
Опфатени се повеќе видови на извештаи кои се добиваат на екран или на штампач:
  • магацински картички,
  • ценовници, лагер листи, спецификации, пописни листи (со променливи колони и подредување),
  • списоци на документи (со сакан избор на документи кои се појавуваат, нпр. само парагон блокови, требувања за магацин, излезни фактури и сл.),
  • спецификации на промет по комитенти, по даночни групи, по асортимански групи на артикли ...,
  • комплетен преглед на вкалкулирани и пресметани даноци по поедини организациони единици,
  • преглед на нивелации, остварени разлики во цена, во данок, ревалоризација,
  • преглед на данок на разлика во цена (оваа опција работи во согласност со финансовиот информативен систем),
  • евиденција на работни налози во производство,
  • во случај да се набави Linux/Informix верзијата, со додатна обука се добиваат „ad-hoc“ извештаи (кои се смислуваат и изведуваат на самото место) со употреба на SQL - јазик од последна генерација (SQL - структуиран јазик за упити) и QBE методи (QBE - упит според пример).

Уште еднаш подвлекуваме дека сите горни опции се под контрола на корисникот - не се бара додатно програмирање или интервенција од ИнфоПроект.
За секој артикал (трговски или производен) се водат податоци за асортиманската припадност, даночната група, оригиналната шифра, добавувач, производител итн. Работа со бар - код (EAN - стандард) е подржана. Можно е дефинирање на разни видови на цени - трговски, реални и плански (во производство). Цените се водат посебно на ниво на магацин, со опција за централни цени. Залихите се водат по историја на цени - на соодветните цени соодветната залиха. При внос на документи можно е избирање на цената по датум (автоматски - според датумот на документот и рачно) или дефинирање на нова цена.

2. ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ
Во рамките на финансиското работење е опфатена евиденција на документи во аналитичка форма и синтетични книжења. За секое конто може да се води аналитика (комитенти - добавувачи/купувачи, односи со вработени, аванси, кооперанти и сл.), а синтетиката се добива автоматски - како збир од поедини аналитички книжења. Се разбира, можно е и директно синтетичко книжење. Врската со комерцијално - производното работење е автоматска на ниво на аналитика на комитенти и артикли, а по потреба се доработуваат и други врски.
Извештаите се стандардни - законски (финансиски и аналитички картици, заклучен лист, бруто биланс, разни спецификации, отворени/затворени ставки ...) и додатни - менаџерски (прилив/одлив на жиро сметка, предвиден прилив/одлив, анализа на трендови ...).
Материјалното/стоковото книговодство е прилагодено за евиденција на трговски стоки, суровини и материјали, полупроизводи, готови производи, ситен инвентар, економат на сакано конто или конта. Постои автоматско прекнижување на податоци кои се опфатени во комерцијалното работење и комплетни извештаи (картички, спецификации ...).
Подсистемот за каматирање е рачен (за рачно изработени каматни листи) и автоматски - споен со аналитика на комитенти - според законски и договорени камати, на годишно и месечно ниво. Обезбеден е комплет извештаи.
Во посебниот подсистем за тужење, за секоја каматна листа или друго побарување може да се испечати мандатна тужба, а постои и евиденција на спорови.
Подсистемот за плати, со оглед на комплексноста и посебноста во секоја поединечна фирма е готов само во основен облик, додека остатокот се доработува по конкретен проект.

ПОДДРШКА
ИнфоПроект во секое време нуди комплетна стручна поддршка на повеше нивоа, по телефон (глас), по модем или со доаѓање на лице место. Располагаме со доволен возен парк и преносна компјутерска опрема за решавање на проблемот. По посебен договор, можна е поддршка и вон работно време и во неработни денови. Во „критичните“ периоди - периодична и завршна сметка, преку систем на дежурства, во две смени, како во работните денови, така и во сабота и недела е обезбедена континуирана помош за евентуална потреба.
По желба, може да се обезбеди и стручна - книговодствена поддршка.
©2008 InfoProject Top   Home   Contact   Support   About   Admin Webmaster