Компанија

Инфопројект е компанија чија основна дејност е изработка, инсталација и одржување на корпоративни апликативни програми.

Компанијата е основана во 1989 година и всушност е најстарата приватна ИТ компанија во Македонија. Големото искуство насобрано низ долгогодишното работење овозможува сигурен настап и имплементација кај корисниците.

Инфопројект воглавно изведува специјално изработени информативни системи, кроени според конкретните барања на корисникот.

Инсталациите на апликативен софтвер се многубројни и успешни. Некои од инсталациите се самостојни, а некои и во соработка со други компании, каде што е потребно изведување "клуч на рака" т.е. инсталација на машинска (компјутерска) опрема и инсталација на оперативен систем и апликативни програми.
Воглавно, нашите корисници се средни и големи претпријатија. Некои од корисниците се и странски компании.

Референтната листа е обемна, но би сакале да ги издвоиме:

Тутунски комбинат АД, Скопје Повеќе од 20000 купувачи, 28 дистрибутивни центри, комплетен Business Intellegence систем
Гемак, Скопје 25 мобилни продажни возила, 8000 купувачи, генерален дистрибутер на Cosmofon, Imperial Tobacco, итн.
Адинг АД, Скопје Две фабрики, од кои едната     во странство, 10 интернационални претставништва и продажни точки
Еуро Табак АД, Скопје
12 локации во Македонија, 20+ продажни возила
Електроматериал, Словенија Производство, продажба и дистрибуција
Imperial Tobacco, Мулти-национална компанија BI решение за Европа, досега во Македонија, Србија, Бугарија, БиХ, Косово, Казахстан, Азербејџан ...
UNMIK, Косово Мулти локации низ Косово, европски сертифицирана апликација за евиденција на средства, оружје, итн.
European Agency for Reconstruction, регионална организација на ЕУ Имплементација на апликација за евиденција на основни средства, задолженија, итн. на локации во Солун, Скопје, Белград, Подгорица, Приштина...
Центро Унион, Скопје Еден од најголемите дистрибутери на бела техника, електроника и уреди за домаќинство во Македонија, повеќе илјади купувачи), дистрибуција на стока низ државата, увоз-извоз, итн.
Хедис супермаркети, Скопје ~2000 супермаркети/продавници, дневна дистрибуција на стока, 15 возила, дневна обработка на нарачки од мобилни уреди-рачни компјутери
Факултет за ветеринарна медицина, Скопје ~100 кориснички места, Лабораториски систем за управување на испитувањата во национално и регионално сертифицирани лаборатории
Центар на военоздравствени установи (Воена болница), Скопје Евиденција на движење на над 10.000 разни артикли, управување со приемно/отпусно одделение, итн.
Македонија Лек АД, Скопје Можеби најголемата македонска веледрогерија, управување со државни резерви на лекови и медицински материјал, складишта под царински надзор, над 5000 артикли, 700 аптеки - купувачи, 20 возила за дистрибуција, мониторинг на услови во магацините, имплементиран систем за on-line нарачки
Алпифарм, Скопје 13 аптеки во моментов, најбрзо растечки малопродажен синџир на аптеки во Македонија, комплетно централизирано управување со залихата, продажбата и набавките. Потполно хармонизирано со барањата на Фондот за здравство на Р. Македонија и со европските стандарди. Имплементирана VPN и VOIP комуникација
Макошпед АД, Скопје До неодамна, една од најголемите шпедитерски компании во Македонија. Имплементација на систем за опфат на трговскиот дел на компанијата
ЈП Водовод и канализација, Скопје Над 200.000 купувачи-корисници, месечно генерира околу 2.000.000 слогови, комплетен шалтерски систем и заднинско работење, потполно интегриран информативен систем

Во изведувањето на проектите учествува тим кој е соодветно образуван и сертифициран за употреба на технологиите кои се применети. По потреба, се ангажираат и додатни, надворешни експерти кои имаат специфични знаења кои се потребни во конкретниот проект.

Инфопројект е член на Комората за информатичко-комуникациски технологии и услуги при Сојузот на стопански комори на Македонија, каде што е и еден од основачите.


Членка на
Комора за информатичко-комуникациски
технологии и услуги на
Република Магедонија

Нашите технолошки партнери