Главна книга со аналитики
Врз основа на изработен налог за книжење во книговодство (ликвидирани документи) се врши негово книжење според контниот план. Овозможена е аналитика во финансовото книговодство и тоа на ниво на конто и на ниво на организациона единица (на пример трошковно место).
Исто така, податоците се водат и аналитички на ниво на комитент, проект или додатна поданалитика и според конта од контниот план. Ова е најчесто применливо во евиденцијата на купувачите и добавувачите, но не е ограничено само на тоа. Еден друг пример на евиденција е водење на обврски и побарувања од вработените и слично.
Со примена на кориснички дефинирани шеми за раскнижување, преземањето на податоците од материјалното работење или од производството се врши автоматски, со комплетно раскнижување на сите потребни конта. Сè што треба да го направи книговодителот е да внесе број и датум на налог.
Врз основа на книжењата се изработува дневник, а по потреба заклучен лист и бруто биланс. Исто така, постои цела палета на прегледи и прикази потребни за тековното работење (картички, спецификации, преглед на изводи, приливи, одливи, трошоци, итн.).
Системот поддржува вонбилансни конта, па може да се евидентираат и вонбилансни книжења, кои се потполно покриени со прегледи.
Касовото работење–благајна е интегрален дел и дозволува потполно покривање на сите операции со касата, со комплет прегледи. Освен ова, оперативното водење на жиро–сметката е посебно поддржано, за да се овозможи брза евиденција и ажурни прегледи, потребни за дневно функционирање на компанијата.
Една од најголемите предности на користењето на системот за аналитичка евиденција е можноста за „врзување“ на фактурите и уплатите, така што за секој комитент (купувач, добавувач или некој друг вид, на пример вработен) се добиваат точни податоци за староста на побарувањата, отворените фактури и динамиката на плаќање. Со употреба на оваа опција се добиваат максимално точни спецификации на обврски и/или побарувања, финансиски картички, квалитет на наплата на побарувањата и ред други прегледи и прикази.
Стоково книговодство
Врз основа на документи за движењето на стоката (влез и излез) од
материјалното работење, се изработува налог за книжење во стоково
книговодство.
Книжењето се врши автоматски или рачно од оригинални документи на база
на налог за книжење и тоа со аналитика по артикли (за секој артикал).
Од извршените книжења се изработуваат одредени прегледи за залиха,
финансиски картички за одделенија, стокова картичка за артикал, итн.
Залихата се води по стварна, просечна цена или планска цена (по
избор), при што корисникот може да го избере начинот на упросечување, а
прегледите го поддржуваат секој вид на пресметка, па вредноста на
залихата е секогаш точна, без оглед дали се потребни реални и
упросечени вредности.