НарачкиOnline [B2B]

Со употреба на оваа апликација, значително се зголемува пропусната моќ на примање на нарачки, бидејќи бројот на примени нарачки повеќе не е директно поврзан со бројот на комерцијалисти кои телефонски можат да ги примат и обработат.


НарачкиOnline се состои од двa посебни апликативни субсистеми:
Кориснички дел (front end) - web ориентиран субсистем, кој овозможува работа на оддалечени работни места преку интернет.
Заднински дел за обработка на нарачки (back end), кој се одвива на локација на продавачот.
Ваквиот концепт има повеќе предности и за купувачот и за продавачот и помага за зголемена ефикасност во обработката на нарачките, олеснета комуникација со купувачот, поголемо богатство на информациите во двете насоки и генерално олеснување на целиот процес.
Купувачот е во можност да ги има сите потребни информации за продуктите кои ги нуди продавачот, нивните цени, количини на залиха итн. (Напомена: Видливоста на последните две информации зависи од политиката на продавачот).
Исто така, купувачот има комплетен увид во состојбата на неговите нарачки, до каде е стигнат секој процес, дали тие се одобрени, одбиени и точно за кои ставки се работи. Додатно, купувачот ги гледа финансиските податоци кои се однесуваат за него, фактурите кои му се издадени, итн. (И ова зависи од политиката на продавачот и од привилегиите ки ги има купувачот).

Продавачот, исто така, има многу корист од системот. Значително се намалува стресот на комерцијалната служба при примање на нарачки, затоа што тој процес е дисконектиран - нарачките се прават од самиот купувач и автоматски пристигнуваат во централниот систем.


Прочитајте повеќе на специјализираниот сајт.


Членка на
Комора за информатичко-комуникациски
технологии и услуги на
Република Магедонија

Нашите технолошки партнери